Рускиот претседател Владимир Путин рече дека операцијата на руските воздушни сили во Сирија ќе продолжи додека на армијата на Сирија и е потребна помош.
„Кога ќе видиме дека започнал политички процес и самиот сириск и лидер смета дека треба да се прекине пукањето и треба да се започне со преговори, од тој момент и ние нема да сме повеќе Сиријци од самите Сиријци. Колку побрзо тоа се случи, толку подобро “, рече тој.
Запрашан дали руската база во Латакија ќе биде зачувана по операцијата на руските воздушни сили со цел одржување на мирот во Сирија, рускиот претседател одговара:” Зошто ни е таму база? Ако треба некого да го фатиме, ќе го направиме тоа “.
Путин додаде дека Москва ја поддржува во целина иницијативата на САД за изготвување на резолуција на Советот за безбедност на ОН за Сирија.
“Имаме ли план? Имаме, и јас штотуку го претставив. Тој принцип се совпаѓа во клучните аспекти, колку и да е чудно, со американскиот, предложен од страна на САД. Неопходно е да се изготви заедничка работа над уставот, создавање на алатки за контрола за идни предвремени избори, самите избори и признавање на резултатите”, истакна тој.
Путин изјави и дека војната во Сирија е проверка за руската воена подготвеност.
„Операцијата на Русија во Сирија претставува најдобра проверка на борбената готовност на руските вооружени сили и не бара големи буџетски трошоци. Дел од средствата за обука на војската беа пренасочени на операцијата во Сирија“, додава Путин.