Уз муабет кај нас среде нигде и среде пустелија можат да се сретнат како опис за планински куќи кои обично ги опкружува бујна вегетација, што технички е најпогрешно.
Меѓу прекрасната природа на долината Чилено во Калифорнија, САД, една стара фарма е претворена во модерен дом. Просторот кој не е користен во текот на повеќе од 30 години, сега е зафатен од младо семејство со три деца. Тие избрале токму на тоа место да ја изградат својата куќа, бидејќи освен мирната атмосфера, таму имаат можност да одгледуваат и земјоделски производи.
Желбата на семејството била нивниот дом да изгледа модерно, но истовремено да се вклопи во околната средина и да изгледа како да никнало меѓу зелените полјани, а архитектите од Turnbull Griffin Haesloop очигледно одлично го разбрале нивното барање.
Куќата располага со две спални и дневна соба со поглед на ливадите и планинскиот масив во далечината, а кујната е со лизгачки прозорци, кои водат директно во градината. Има и посебна летна кујна, како и раскошен надворешен базен. За целокупната енергетска ефикасност се “грижат” соларни и фотонапонски панели.
Убаво ви ни дошол на сите еден викенд на некоја слична локација.