Девет знаци дека колегата ви е психопат

Познатиот американски психолог Роберт Харе набројува неколку знаци според кои што можете да препознаете психопат на работното место. Еве кои се тие:

psihopat

1. Психопатите имаат садистичка природа. Во канцеларијата тоа се изразува преку обиди за ширење на страв, наместо за победа и почит на останатите.

2. Тие се кралеви на тоа да се претстават во добра светлина. Умеат да водат разговори и често раскажуваат навидум неверојатни приказни кои сепак ги претвораат во убедливи.

3. Психопатите се доживуваат како центар на универзумот. Во своите умови тие се толку важни што нема потреба да ги следат стандардните правила за работа, затоа си измислуваат нови.

4. Невидени лажговци. Ако еднаш започнат да лажат, психопатите не можат, а и не гледаат реална причина да престанат.

5. Мислат само на себе. Психопатите се како паразити – ги интересира само сопствениот опстанок. Работат само и единствено за индивидуалниот успех и не демонстрираат ни најмала грижа за другите.

6. Се предводат низ животот од три нешта – манипулацијата, пренасочувањето на вниманието и заблудите. Сите тие им помагаат да се задржат на врвот. Психопатите се вообразуваат многу кога ќе направат нешто добро, но кога нема да успеаат, секогаш ја префрлаат вината на некој друг.

7. Тешко да дознаете дали е така и со вашиот колега, но повеќето психопати пројавиле агресија уште од детските години. Најчестите манифестации вклучуваат вандализам, измами, кражби, подметнување пожар.

8. Не се заинтересирани за последиците од своите постапки. Без разлика колку лошо влијаеле на некого или дали довеле до сериозен проблем, психопатите едноставно не можат да доживеат жал и вина.

9. Си ставаат крајно нереални цели. Психопатите се ужасни организатори. Имаат огромни амбиции кои не успеваат да ги остварат, бидејќи не знаат како.

- Реклама -