Дали Доналд Трамп со изјавата за муслиманите си ги уништи сите шанси?

Oткако републиканскиот кандидат се заложи за „секаква забрана за влез“ на Муслимани во САД критиките кон претседателскиот кандидат никако да спласнат.

Од Белата куќа категорично беше осудена изјавата на Трамп, нарекувајќи ја навредлива и токсична.

„Поради ваквиот предлог на Трамп треба да следи негова дисквалификација од трката за претседател” – изјави денеска портпаролот на Белата куќа.

483208412-real-estate-tycoon-donald-trump-flashes-the-thumbs-up.jpg.CROP_.promo-xlarge2

Кон критиките се надоврза и британскиот премиер Давид Камерон кој го окарактеризира планот на Трамп како „нешто што предизвикува раздор, не и` помага на актуелната ситуација, и е погрешен“.

Американскиот државен секретар Џон Кери на новинарите во Париз им рече дека коментарите на Трамп не се конструктивни.

Експертите проценуваат дека со ваков говор Трамп обезбедува 33% од гласовите на републиканците кои ги има околу 40% во САД. Тоа значи вкупно околу 13% од гласачите во САД.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

Што сугерираат овие бројки? Дека Доналд Трамп Зможе тој да победи на примарните избори за номинација на републиканската партија, меѓутоа скоро невозможно е да ги добие изборите за претседател.

- Реклама -