Oва ли е социјализмот од Венецуела?

Откако Изборната комисија на Венецуела ги потврди резултатите од парламентарните избори, веќе е официјално – социјалистите на претседателот Николас Мадуро, партијата на легендарниот Хуго Чавез, претрпе неверојатна загуба по 17-годишно владеење. Опозицијата освои мнозинство што веднаш беше поврзано со отворањето на земјата кон САД и економскиот развој.

Гласањето на избирачите во голема мера е казна за власта бидејќи Венецуела страда од хронична криза, највисока инфлација во Латинска Америка и недостиг на основните потреби, вклучувајќи и вода, храна и сапун. Банкрот им се заканува на најголемите нафтени компании во земјата поради падот на цените на црното злато на светските пазари.

manduro

Ова го објаснува високата излезеност на изборите – околу 74 отсто од граѓаните со право на глас.

Резултат- десноцентралистичката опозиција доби 112 мандати во 167-члениот парламент, додека социјалистите останаа со 55.

„Победија лошите момци. Победија така како што победуваат лошите момци – со помош на лаги и измами. Во Венецуела не ги освои изборите демократската опозиција, ги освои контрареволуцијата користејќи го уставот “, искоментира шефот на државата.

Квалификуваното мнозинство му дава на “Демократскиот сојуз” можност да гласа за ослободување на судии од Врховниот суд, да објави референдум за одземање на мандатот на претседателот и дури и да свика собрание за измени во уставот, наметнати од Хуго Чавез во 1999 година.

Референдум за соборување на Мадуро може да се случи при собрани 4 милиони потписи и истечен половина мандат на претседателот, односно кон април следната година. Аналитичарите сепак очекуваат десно-централистите да не го тргнат директно шефот на државата, туку наместо тоа да договорат итни реформи со негово учество.

Очекувано претседателот Мадуро, поранешен личен возач на Хуго Чавез, не го прифаќа поразот и искоментира дека ова е сценарио за да се сврти Венецуела од патот на социјалистичката револуција.

Аналитичарите коментираат дека најкорисен потег на Мадуро би бил да изнуди ослободување на политичките затвореници и медиумска слобода за клучните економски реформи, кои потоа ќе ги смират страстите.

САД веќе понудија да учествуваат како посредник во евентуални политички преговори, но досега овие нивни амбиции беа блокирани од тврдокорните струи во редовите на социјалистите.

Мадуро веќе издаде барање дека ќе го блокира секој закон за политичка амнестија усвоен од парламентот.

Владата се очекува да го олесни државниот долг, да ја отстрани контролата врз цените, како и субвенциите кои ги одржуваат цените на горивата екстремно ниски за населението.

Друго сценарио е Мадуро да одговори на автократски начин – во претседателски декрет со кој ќе преземе самостојно управување на земјата, заобиколувајќи го парламентот.

Ризиците кај ова сценарио се масовни улични протести, бидејќи граѓаните на Венецуела го сметаат управувањето за нестручно и корумпирано.

“Венецуела побара промена и промената дојде”, искоментира лидерот на опозицијата Хесус Тореалба.

- Реклама -