Во текот на вчерашниот ден се објавени номинациите за најпрестижните музички награди Grammy.
Набрзо по номинациите се крена голема прашина. Имено, Kendrick Lamar е номиниран во дури 11 категории, Taylor Swift и The Weeknd добија по 7 номинации, а Adele ниту една.
Сите не чуди зошто е тоа така. Но еве го и одговорот.
Овогодишните награди го земаат во предвид периодот помеѓу 1. октомври 2014 и 30. септември 2015 година. Што значи, британската пејачка овие награди може да ги очекува во 2017 година.