Челзи пред „божиќен нокаут“!

Екипата на Челзи доживеа уште еден срам. На попладневниот дуел против екипата на Бурнмаут „сините“ загубија со минимални 1-0 и тоа на домашен терен. По овој натпревар Челзи се закотви на 14-тата позиција на табелата со само 15 бода. Имајќи предвид дека поминаа 15 кола и Лестер е прв со 32 бода, дури повеќе од двојно од Челзи, Абрамовиќ најверојатно треба нешто да се запраша.

Мареј е играчот кој ги постави конечните 0-1 со погодокот со глава во 82 минута од натпреварот.

Сините во моментов се смрзнати на 14-тата позиција, и се на три бода од опасната зона, а им претат Свонси, Нориџ и Бурнмут со 1 и два бода помалку.

Наредното коло Челзи ќе ги одмери силите токму со лидерот на табелата.

- Реклама -