Тимот на Лестер продолжува да гази сè пред себе. Денеска поворно се закотви на првата позиција на табелата, откако успеа да слави на гостински терен против Свонси со 3-0. Манчестер Сити загуби од Стоук со 2-0, па така сега Лестер е на првата позиција со 32 бода, пред Арсенал со 30 и Сити и Јунајтед со по 29. Сите голови беа дело на Марез.
Па ако вака продолжат, ништо чудно да ја задржат и првата позиција на табелата за Божиќ, а добро знаеме што кажува традицијата. Оној кој бил прв за Божиќ, ја освојувал титулата. Само Ливерпул пред две години ја „скрши“ оваа традиција.
Како и да е дечките играат одлично, и да не беа тие оваа година ќе гледавме една од подосадните Премиер лиги.
Головите…