Путин: Светот ќе зависи од Русија и нејзиниот извоз на храна

„Русија би можела да стане најголемиот светски снабдувач со еколошки чиста и високо-квалитетна органска храна“, рече претседателот Владимир Путин.

pg-38-putin-taster-getty[1]

„Не само што можеме да се прехраниме ние самите, земајќи во предвид ја земјата и водните ресурси… Русија може да стане најголемиот снабдувач со еколошки чиста и високо-квалитетна органска храна која западните произведувачи одамна ја запоставија, посебно со оглед на фактот дека побарувачката за таквите производи на светскиот пазар постојано расте“, изјави Путин пред рускиот парламент.

Според неговите зборови, денес Русија е извозник, а не увозник на храна.

„Пред 10 години, увезувавме речиси половина од храната од странство и бевме зависни од увозот. Сега Русија е меѓу главните извозници. Минатата година, вредноста на рускиот извоз на полјоделски производи изнесуваше речиси 20 милијарди долари, што е за четвртина повеќе од приходот од продажба на оружје“, дополнува Путин.

Според него, сето ова укажува на тоа дека Русија ќе биде способна да го задоволи домашниот пазар за храна до 2020-тата година.

Есеноска, Кремљ донесе одлука со која го забрани присуството на ГМО во производството на прехранбени производи. Русија воведе и ембарго на производите на ЕУ и САД, како одговор на западните санкции. Од неодамна, по рушењето на рускиот Сухој, руските власти го забранија и увозот на овошје, зеленчук и живина од Турција.

- Реклама -