Пандора Џулри направи еден експеримент кој го нарекува „Уникатна конекција“.
Експериментот е сумиран во емотивно видео што го обиколи светот, а во него се вклучени деца на возраст од 3-9 години заедно со нивните мајки.
Секое дете е со врзани очи и се усмерува кон групата на мајки. Децата со помош на допир се обидуваат да ја препознаат својата мајка. На крајот и сите успеваат да ја најдат.
Врската неспорно е силна, а експериментот ја потврдува тезата дека секоја мајка е единствена.