Зошто јапонските деца патуваат сами а.к.а. зошто Јапонците ќе ги биде како нација

Мали деца, сами, без родителски надзор, се честа глетка во јапонскиот јавен транспорт.

japanese-kids2[1]Јапонците често ги праќаат своите деца надвор во светот, и тоа на многу рана возраст. Потврда за тоа е едно популарно ТВ шоу наречено „Мојата прва задача“ (ориг. наслов „Hajimete no Otsukai“), во кое родителите ги праќаат своите двегодишни и тригодишни деца да завршат некоја обврска за семејството. Децата се потполно сами, единствено следени од тајна камерманска екипа. Шоуто се емитува повеќе од 25 години.

Каито има 12 години и живее во Токио. Сам патува со воз од својата 9-годишна возраст, бидејќи неговите родители се разведени и го делат старателството. „Прво бев малку исплашен околу тоа сам да се возам во воз. Ама само малку“, вели тој. Истото било случај и со неговите родители, но сепак се решиле на тој чекор, сметајќи дека е доволно возрасен, како и многу други деца што сами патуваат на негова возраст.

„Се возев сама во возовите во Токио уште кога бев помлада од него“, вели неговата маќеа. „Тогаш немавме мобилни телефони, но сепак успевав безбедно да патувам од точка А до точка Б. Ако Каито се изгуби, може да ни се јави“.

На што се должи оваа „опуштеност“ на Јапонците и самостојноста на нивните деца? Во суштина, не се работи за никакво учење на самодоволност, туку напротив – уште од мали, јапонските деца се воспитувани во духот дека можат да и веруваат на заедницата и дека секој нејзин член може да биде повикан за да им помогне или да им услужи на другите. Кога малото Јапонче ќе излезе во светот на возрасните, тоа знае дека може да се потпре на толпата за да му помогне во било каква неволја.

Таквото воспитување започнува уште во училиштата. Таму нема персонал што чисти или го послужуваручекот во училишните кујни. „Таквите обрски ги обавуваат самите ученици, на смени. На ваков начин се распределува работата, но и очекувањата, притоа учејќи ги децата на основните одговорности, како чистење на тоалетот“, пишува културалниот антрополог Двејн Диксон, чија тема на докторска дисертација е јапонската младина.

Да се има одговорност во јавен простор, за децата значи развивање на чувство за сопственост и разбирање на последиците од правење грешки или незавршување на задачите. Тука не е изоставен ниту притисокот дека ако некој направи хаос, самиот е одговорен за негово средување. Истата логика се проширува и на јавните простори во Јапонија, што е и причината зошто нивните улици се генерално многу чисти.

Сепак, за да ги пуштат своите деца да патуваат сами по градот, родителите мораат да се потпрат на безбедноста. Истата и ја имаат. Од една страна, Јапонија има многу мала стапка на криминал. Од друга страна, и безбедноста на сообраќајот е на високо ниво, бидејќи „во јапонските градови, луѓето се навикнати да пешачат насекаде, а јавниот транспорт доминира над културата на возење автомобил“, објаснува Диксон. Во Јапонија, половина од патувањата се одвиваат преку железница или со автобус, а четвртина преку пешачење. Јапонските возачи се навикнати да го делат патот со пешаци и велосипедисти.

b12ae721b[1]

Уште еден доказ дека не се работи за родителска негрижа е тоа што, на пример, маќеата на Каито вели дека не би го пуштила да патува сам кога би живееле во Лондон или Њујорк. Не дека токиското метро е 100% безбедно; во Јапонија постои долготраен проблем – жените и девојките постојано се соочуваат со мажи кои без нивна согласност ја користат гужвата за да ги допираат по непристројни места (познато како „groping“), што доведе до воведување на „само за жени“ вагони уште во 2000-та. Сепак, многу од градските деца продолжуваат самостојно да патуваат со воз или метро кога одат во училиште или исполнуваат некои домашни обврски.

Давајќи им таква слобода, родителите вложуваат огромна доверба не само во своите деца, туку во целата заедница. „Мислам дека она што ги фасцинира западњаците кај Јапонците е чувството на доверба и нивото на соработка, дури и без да биде побарана“, пишува Диксон.

- Реклама -