Oбама побара од Путин да се смири со Турција

Лидерите на САД и Русија, Барак Обама и Владимир Путин разговараа 30 минути во Париз, каде се одржува меѓународна конференција за климата.

Од Белата куќа соопштија дека Обама изразил жалење за загинатиот руски пилот на Су-24 соборен од турските воздухопловни сили пред една недела, но го повикал рускиот лидер да ги намали тензиите со Турција.

obama-putin

Путин одбива да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, според кого турските F-16 го симнале рускиот авион сосема легално, бидејќи го нарушил воздушниот суверенитет на Турција. Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја жали, но нема да се извини.

“Не можам да се извинам за тоа што сме ја извршиле нашата должност”, искоментира тој во седиштето на НАТО.

Обама изразил сочувство и за загинатите пилоти при соборувањето на хеликоптерот од бунтовниците – Туркменистанци во Сирија. Американската државна глава го потсети рускиот колега на неговиот став за сирискиот претседател Башар ал-Асад дека мора да се повлече од власта во Дамаск, за да има мир.

Кремљ соопшти дека на 30-минутната средба двајцата лидери ја истакнале итната потреба од политичко решавање на кризата во Сирија и дека разговарале и почитувањето на примирјето во Украина.

- Реклама -