Овошјето содржи неколку есенцијални витамини, има висока хранлива вредност и низок гликемиски индекс (GI). Aко ви е потребна ниско-калорична храна како ужинка по оброкот, слободно можете да изберете овошје. Според Американскиот оддел за агрокултура, нелупеното јаболко со средна големина содржи 95 калории.
Гликемиски индекс
Гликемискиот индекс или GI, ги рангира јагленохидратите според нивниот ефект на нивото на шеќер во крвта. Ниските GI јагленохидрати се најздрави бидејќи тие не го зголемуваат значително нивото на шеќер во крвта и нивото на инсулин во телото. Според фондацијата за гликемиски индекс, високо ниво на GI е 70 и повеќе, средно ниво е од 56 до 69 а ниско GI ниво е 55 и помалку. Како што вели горенаведениот текст, овошјето спаѓа во ниското GI ниво. На пример, едно јаболко од сортата делишес има GI ранкинг од 39.
Корисни јаглехидрати
Овошјето се смета за корисен јаглехидрат бидејќи е од здрава природа. Здравите јаглехидрати се прехранбени состојки кои постојат во својата природна форма, не се обработени или процесирани на било кој начин пред консумирање. Корисните јаглехидрати го подобруваат вашето здравје и се здрава исхрана. На пример, овошјето содржи премногу растителни влакна и мал број на калории, му дава на телото енергија и го стимулира организмот.
Совети од експертите
Според многумина стручњаци од својата област, јадењето овошје во било кој дел од денот, дури и по оброкот е паметен избор. Ако пробувате да изгубите килограми или да ја оддржувате тежината, не е важно во кое време консумирате овошје. Јадењето овошје е добар начин да се подобри здравјето. Исто така, овошјето е попријатно за консумирање по јадењето затоа што содржи шеќер кој ви приложува побавна и постабилна форма на енергија, за разлика од било каков друг сладок десерт.
Одлучете сами
Вие треба да одлучите дали да консумирате овошје по оброкот. Ако се чувствувате потечено и подуено по јадењето овошје по оброкот, можеби не би сакале да ја практикувате оваа навика. Можеби исто така би сакале да стоите настрана од овошјата како што се портокалот и цитронот, особено по обилен оброк ако киселините ви прават проблеми во стомакот.
Објавено во соработка со За Здравје.