Кул прозорци за мали станчиња

janela1[1]

Модерниот начин на живот ретко ни дозволува да застанеме на прозорецот и да се опуштиме додека го набљудуваме небото. Околните згради во голема мера ни го попречуваат погледот, а животниот простор станува сé помал и позбиен, до степен што на моменти нé прави клаустрофобични.

janela3[1]

„More sky“ („Повеќе небо“) е редизајниран прозорец, наменет пред сé за оние што живеат во мали станови во густо населените градови. Структуриран е така што „виси“ надвор од ѕидот, што за возврат ви дава дополнителен простор, повеќе стаклена површина и поширок агол на поглед кон надворешниот свет. Таков е дизајнот: една мала модификација, но во случајов, за оние што се чувствуваат тесно во својот дом, и тоа како значајна.

janela4[1]

- Реклама -