Најголемиот страв на модерниот човек

Не се плашете да бидете сами и не грижете се, ако ви се допаѓа!

“Синоќа се спремив за излегување на прв состанок, и го очекував мојот потенцијален партнер. Тој не дојде. Се чувствував грда, недостојна и напуштена. Помислив дека сигурно ме гледал од далеку и избегал. Какви ли не црни мисли ми поминаа низ главата … Тогаш, на излез од ресторанот, слушнав едно девојче како ја прашува мајка си дали сум принцеза. Тоа ме натера да се насмевнам и да го променам ставот. Решив да си одам по долгиот пат дома; можев да почувствувам сè – свежиот воздух, тишината на осаменоста, рефлексијата од месечината по тротоарот… Сфатив дека токму од тоа имам потреба во овој момент – да бидам сама“.

Овие зборови се е-мејл, кој го добив утрово од Дајан, една од моите ученички. Нејзиното чувство за осаменост и нејзината подготвеност да ја прифати се истовремено инспирација и потсетник за сите нас. Понекогаш ни е потребна токму осаменоста, колку и да не го сфаќаме тоа. Сепак, вистината е дека огромен број на луѓе на овој свет се стаписани од помислата да останат сами. Веројатно сите се чувствуваме така понекогаш. Излегува дека најголемиот страв на современиот човек е да не остане сам. Се плашиме да не останеме без пријателите, семејството или партнерот. Се срамиме да патуваме сами до непознати места и мислиме дека ќе се изгубиме ако нема кој да не држи за рака. Се плашиме да продолжиме со животот без рамо за потпирање поради помислата дека не сме доволно силни или добри да се справиме сами. Овој отпор е природен. Секој го чувствувал длабоко во себе, без оглед дека го негира или занемарува. Токму тоа е една од најголемите причини на стрес. Сакајќи да избегнеме да бидеме сами, правиме се да се дружиме – онлајн и офлајн. Се наоѓаме со некого или дури се венчаваме за погрешен човек, само за да имаме со кого да остареме – некој кој ќе ја пополни празнината во нашите животи. Со часови гледаме телевизија или се труеме со штетна храна, купуваме предмети од кои немаме потреба, бидејќи тие се супститути на љубовта … особено на љубовта кон себе.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Што е тајната со која ќе ги промениме работите?

Осознавање и прифаќање. Треба да го отвориме умот за идејата да се прифатиме и сами. Обично ја замислуваме осаменоста како ограничување, но всушност спротивното може да се покаже како вистина. Тоа може да дејствува ослободувачки, како можност за истражување, развој, спознавање… Како и повеќето луѓе, и јас го научив тоа на потешкиот начин. Многу години се плашев да бидам сам, но постепено заздравував емоционално и сега ми се допаѓа фактот-кој сум всушност јас. Колку повеќе ги доживувам и истражувам чувства на осаменоста и несигурноста, толку повеќе сфаќам колку се потребни.

Осаменоста може да е колку страшна, толку и радосна. Користете ја за да се развиете и уживајте. Може да се запознаете себеси и да правите работи за кои не е потребна надворешна интервенција – читање, пишување, прошетки во шума, свирење на гитара, пеење под туш, танцување или учење . Може да најдете скриени катчиња од себе и околниот свет, без потребата постојано да ги споделувате или да барате туѓо одобрување. Бидете сами и бидете во мир. Го заслужувате тоа.

Марк Черноф

- Реклама -