Карпа – слон

Карпата со необична форма се наоѓа на островот Хајмеи, на брегот на Исланд.

Карпата со години привлекува туристи од целиот свет,а причината се крие во формата – карпата личи на гигантски слон. Хајмеи е еден од големите населени острови во архипелагот Вестаманнаејаџар. Потеклото му е вулканско, а пејзажот е обликуван од базалтови карпи. Базалтот се формира како резултат на честите ладења на лава во контактот со ладната морска вода.

1(1608)

Во 1973 година е регистрирана вулканска ерупција во планината Елдфел, а лавата се насочува кон заливот. За време на ерупцијата половина град бил уништен, но насобрано е толку многу лава што успева да стигне до морската вода и да се зацврсти. Она што ја прави карпестата формација посебна, е тоа што многу наликува фигурата на слон. Дури и “брчките” на карпата создаваат чувство дека тоа е материја слична на кожа.

4(1432)

Сивата боја дополнително создава претстава за слонот.

3(1579)

- Реклама -