Пивскиот стомак поопасен отколку што се мислеше

Она што народно го нарекуваме „пивски стомак“, нутриционистите и здравствените експерти преферираат да го нарекуваат „централна гојазност“.

OBESE-MIDDLE-AGED-facebook

Називот се однесува на наслагите на сало во пределот на абдоменот, кои го надувуваат стомакот на генерално витките луѓе.

Во студијата објавена во американското списание „Анали на интерната медицина“, научниците предупредуваат дека ваквата корпулентност е поопасна за здравјето/животот дури и од дебелината која е распоредена по целото тело. Истражувањето опфатило повеќе од 15.000 луѓе, на старост од 18 до 90 години, од кои половина биле жени, а покажува дека процентот на смртност е помал кај луѓето со вишок килограми (од аспект на индексот на телесна маса – BMI) отколку кај витките луѓе со изразен стомак.

Според истражувачите, ризикот од смрт е два пати поголем кај луѓето со централна гојазност, а тоа се должи на лошиот распоред на салото – големиот стомак, како печурка на телото, е знак за намалена мускулна маса и укажува на пореметување на метаболизмот. Сето тоа води кон пократок животен век.

„Нашите резултати укажуваат дека луѓето кои патат од централна гојазност треба под итно да ги сменат своите животни навики и да прифатат нови превентивни стратегии“, заклучува Лопес-Хименес – кардиолог од Минесота и предводник на истражувањето.

- Реклама -