Денеска во Грција се одржува 24-часовен генерален штрајк во знак на протест против планираното зголемување на даноците и пензиските реформи.
Штрајкот ќе ги парализира сите јавни услуги, вклучувајќи го и транспортот. Десетици внатрешни летови се откажани, а во Атина се планирани и поворки.
Ова е првата масовна манифестација на јавно незадоволство, со која левото владата на Алексис Ципрас треба да се справи. Штрајкот се одржува додека во Атина на посета се наоѓаат претставници на доверителите – Европската комисија, Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европскиот фонд за финансиска стабилност.