Францускиот документарец „Вавилонски двор“ вечерва во Кинотека

Во организација на Францускиот институт во Скопје, вечерва (10 ноември) во Кинотеката на Македонија ќе се одржи проекција на документарниот филм „Вавилонски двор“ на Жили Бертучели.

Филмот е снимен во 2014 година и се прикажува во знак на одбележувањето на Месецот на документарниот филм.

За филмот досега имаат напишано повеќе критичари кои го опишуваат како „лекција за животот и слободата“, „утешува и освежува“.

Прочитајте и:  Недела на јапонски филм во Кинотека
- Реклама -