Времето кога Европјаните рентале ананас

Помеѓу 16-тиот и 18-тиот век, ананасот бил толку скап и редок што често бил изложуван како да е префинето уметничко дело.

Да се изрази тогашната вредност во модерниве времиња е многу тешко, но се проценува дека денешната цена би се движела од 5.000 до 10.000 долари по ананас, зависно од квалитетот и сезоната на плодот.

Кога Европјаните за прв пат го откриле ананасот на островот Гвадалупе, за време на второто патување на Кристофер Колумбо до Карибите во 1493-тата, веднаш биле направени напори за истото овошје да почне да се култивира и во Европа. Инаку, ананасот е домородно овошје на Јужна Америка, каде што е култивиран со векови пред неговото „откривање“ од страна на Колумбо.

volckpineapple-det2b[1]

И покрај огромините суми и напор вложени во проблемот, единствен начин за европските кралски кругови да се докачат до ова овошје бил да платат за директно да им го увезат, а постапката била дури и поскапа и покомплицирана отколку што звучи. Имено, најголемиот дел од транспортните бродови од тоа време биле пребавни, а условите претопли, за да можат да пренесат свежи плодови ананас без да скапат за време на патувањето. За такво нешто морале да се користат само најбрзите бродови и најповолните временски услови. Затоа, единствените што можеле да си приуштат свеж плод на масата, а уште помалку да изедат свеж ананас, биле кралските редови и оние прекумерно богатите.

Првата шанса што (само) богатите ја добиле за контакт со ананас се остварила некаде околу 2 века по неговото „откривање“, кога Холанѓаните нашле начин за негово успешно култивирање, некаде околу доцните 1600-ти години.

John_F._Francis_-_A_Still_life_with_Pineapple,_Oranges,_and_Nuts

Агнес Блок се смета за жената што прва успеала да одгледа ананас во вон-тропски услови. Постојат порани знаци за постоење на овошни фарми кои продуцирале ананас во Европа, но се смета дека овие фарми биле едноставно пренесени, а не култивирани во Европа. Сéедно, најважен во ананасовата сага е холандскиот трговец со платно – Пјетр де ла Корт, кој го сметаат за човекот што го смислил најефикасниот (тогашен) метод на одгледување ананас во вон-тропска клима. Воглавно, методот се состоел од користење на „топли соби“, специјално дизајнирани да одржуваат константна топлина и влажност. Исклучителна прецизност била потреба за да се вентилираат чадот и топлите пламени надвор од структурата, истовремено задржувајќи ја „климата“ и температурата на почвата во рамките на многу специфични параметри. Случајните пожари или гушења на плодовите со чад била многу честа ситуација при почетоците на ваквото култивирање.

Кога гласините за успешноста на де ла Корт во одгледувањето на ананас и други егзотични билки стигнале до Англија, многу благородници ги испратиле своите градинари во Холандија за да ги научат неговите техники.  Разбирливо, сето тоа било проследено со огромни трошоци.

Предноста на Холандија на ова поле се должела главно на холанската Западно-индиска Компанија, која уживала речиси тотален монопол врз трговијата со Карибите, што им овозможило на богатите холандски жители да увезуваат повеќе видови растенија ананас, со кои експериментирале во култивирањето. Од друга страна, англиската клима се покажала како важен фактор за малата успешност, а резултати постигнале само највештите и најбогатите градинари.

530e1a10697ab024bd00389f._w.540_s.fit_[1]
Кралот Чарлс II, позирајќи за неговиот кралски портрет додека кралскиот градинар му подава ананас, 1675 год.

Првиот ананас на англиска почва бил одгледан околу 1715-та година, од холанѓанецот Хенри Теленде, кој успеал да одгледа зрел плод за неговиот нарачател Метју Декер, кој пак подоцна нарачал слика посветена на импресивното достигнување.

Дури и откако култивирањето на ананас станало возможно на англиска почва, поседувањето на плодот останало да важи за скап подвиг, па благородниците не го јаделе – наместо тоа го изложувале во нивните домови како скапоцен орнамент или ги носеле на забавите каде што ги импресионирале пријателите. Оние што не биле толку моќни/богати, имале можност да изнајмат ананас на наколку часа. Свежиот ананас постојано го менувал сопственикот во период од неколку дена, за на крајот да заврши во рацете на вистинскиот сопственик, кој единствено го имал правото да го изеде. Бројот на таквите бил премал.

Елитата го сметала ананасот за скапоцен деликатес, особено што тоа било време кога рафинираниот шеќер и шеќерните продукти биле многу скап комодитет. Чарлс II, на пример, обожувал ананас, делумно заради слаткоста, а делумно заради тоа што во негови очи, плодот изгледал како да носи мала круна. Од друга страна, овошјето било посакувано и во уметничките кругови, пред сé заради неговиот невообичаен, впечатлив изглед. Станал важен печат и на тогашната архтектура, а добар пример е „Dunmore Pineapple“ (на сликата), изградена во 1761-та и позната како најбизарната зграда во Шкотска.

dunmore

Помислете на ова следниот пат кога ќе пазарите во некој од маркетите и ќе поминете крај рафтот со овошје.

- Реклама -