Животот на внуката на принцезата Дајана

Британката Кити Спенсер води декадентен начин на живот, но тоа до одреден степен е очекувано имајќи го во предвид нејзиното место меѓу аристократијата.

Лејди Кити е најстарото дете на Чарлс Спенсер, брат на принцезата Дајана. Вредноста на нејзиното семејство се проценува на 154 милиони долари, па нејзиниот гламурозен живот започнува уште од денот на раѓањето.

Кити Елинор Спенсер е родена на 28 декември 1990 година. Како што рековме, таа е најстарата ќерка на Чарлс Спенсер од неговата прва сопруга Викторија Локуд – поранешен модел. Има помал брат и сестри близначки.

За прв пат се појавува во јавноста во 2007 година, кога има околу 17 години. Оттогаш целиот нејзин живот е мешавина од екстравагантни забави, патувања и работа како модел.

Нејзиното детство е нарушено од јавниот развод на нејзините родители, смртта на Принцезата од Велс и престојот на нејзината мајка во рехабилитациона клиника, каде што се лекува од зависноста од дрога и алкохол.

kiti2

На фотографијата подолу, Кити позира со својата мајка во фотосесија од 1992 година за потребите на Harper’s Bazaar.

kiti3

Шест месеци откако се родила Кити, нејзината мајка открива дека сопругот има вонбрачна врска.  Во 2008 година, според Локуд, брачната криза е надмината, па ги раѓа двете близначки и помалиот брат на Кити.

kiti4

Лејди Кити редовно објавува фотографии од своите браќа и сестри.

За да го ограничи јавното внимание семејството се сели во Јужна Африка во 1995 година. Само две години подоцна, 1997-та година се покажува како најтешка за Кити, бидејќи нејзините родители се разведуваат, татко и се враќа во Англија, а таа останува со мајка си во Јужна Африка.

kiti5

Според судските документи при разводот, семејството „тежи“ околу 100 милиони фунти (154 милиони долари). Според адвокатите на нејзиниот татко, поголем дел од парите се во различни доверителски фондови и средства.

1997 година е и годината во која тетката на Кити – прицезата Дајана, умира во сообраќајна несреќа. Следните 10 година Кити ги поминува далеку од јавното внимание.

kiti6

Дури во 2007 година внуката на Дајана се враќа во јавноста, за време на поменот на нејзината тетка, заедно со нејзините братучеди – принцот Вилијам и принцот Хари. Отприлика тогаш, Кити завршува училиште и се запишува на Универзитетот во Кејптаун каде што студира политика, психологија и англиска литература. Потоа магистрира уметност во лондонскиот Regent’s University.

kiti7

Лејди Кити го привлече вниманието и кога се појави на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година заедно со своите сестри. Истата година магазинот Tatler ја прогласи за една од најпосакуваните девојки во Велика Британија. Во нејзиниот живот оттогаш преовладуваат забавите и екстраваганција.

kiti8

Се занимава и со добротворни цели, но најголем дел од времето минува во патувања, посетување на различни настани и забави.

kiti9

ty10 ty11 ty16 ty17

- Реклама -