По сето она кое се случуваше и шпекулираше деновиве, Роси пресече на својот Твитер профил „Ви благодарам на поддршката, вашите пораки ми дадоа крила да ја пребродам оваа неправда и литина која ја чувствувам. Од денеска, почнувам да се подготвувам за Валенсија“.
Сите знаеме дека неговото учество во Валенсија ќе биде „Невозможна мисија“. Да ги победиш Маркез и Лоренцо стартувајќи од последната позиција, па уште и во Шпанија…
Роси има 312 поени, 7 повеќе од Лоренцо, што значи дека ако Лоренцо победи, „докторот“ ќе треба да биде барем втор за да ја освои долго посакуваната титула.