Интересни факти за земјата што во својата историја никогаш не нападнала друга држава

india

Ќе зборуваме за земјата која до 1896-тата година беше главен извозник на дијаманти во светот. Името и потекнува од стариот персиски назив за реката Инд – Синду.

Со површина од 3.287.263 km2, Индија е седма држава во светот, а втора по бројот на население, со околу 1.2 милијарди жители.

Главниот град Њу Делхи е втор најнаселен град во светот.

„Lotus Temple“ е главниот храм во Индија. Го посетуваат близу 50 милиони луѓе годишно, што го прави еден од најпосетените во светот.

Во Индија се наоѓа куќата на најголема надморска висина – 5.500 метри.

Никогаш во историјата Индија не нападнала друга држава.

Државата Индија е најголема демократија на светот, седма најголема земја и една од најстарите цивилизации.

Индија поседува нуклеарно оружје и е десетта во светот по вложување во одбрана.

Индија е татковина на најголемото семејство во светот – човекот со 39 жени и 94 деца.

Индија е федерација од 28 држави и 7 сојузни територии.

Индија има најмногу пошти на светот.

Најголемиот работодавач во Индија е индиската железница. Вработува преку милион луѓе.

Индиската железница е најдолга на светот, со 64.000 километри долга пруга. Дневно превезува и до 14 милиони патници.

Во Индија има четири главни религии – Хиндуизам, Будизам, Џајнизам и Сикизам, а зад нив следат останатите светски религии со вкупно 25% застапеност.

Индија е втора или трета земја со најголема муслиманска популација во светот.

Индија има најголема филмска индустрија – Боливуд. Годишно се прават околу 1.100 филмови, што е малку повеќе од Нигерија, дупло повеќе од САД и десет пати повеќе од Велика Британија.

Главните шест јазици се хинду, бенгалски, телугу, марати, тамил и урду. Секој од овие јазици го говорат по повеќе од 50 милиони луѓе. Не постои национален јазик, а хинду и англиски се службени.

Индискиот Хинду календар има шест годишни времиња: пролет, лето, монсунски период, зима и претпролет.

Чајот е најомилениот напиток во Индија. Земјата е најголемиот производител на чај на светот.

Индија е најголем светски произведител и потрошувач на манго. Во Индија, мангото е национално овошје.

Шахот потекнува од Индија.

Според Гинисовата книга на рекорди, Индија е на трето место по бројот на соборени рекорди, годишно, зад САД и Велика Британија.

Индија е еден од најголемите извозници на компјутерски софтвер.

Индија има повеќе од милион милионери, ама затоа 35% од луѓето живеат под границата на сиромаштијата.

Кравата е свето животно во Индија. Често ќе видите крдо крави како слободно шетаат по улиците, а нивниот измет се користи во сушните делови на земјата како важен материјал за ложење.

Во Индија се наоѓа најголемото училиште на светот, со вкупно 45.000 ученици!

Заради најголемата концентрација на средновековни споменици, Кхајурахо е едно од најпосетените туристички места во Индија. Се работи за повеќе комплекси од хиндуистички и џајнистички храмови, славни по тоа што се преполни со раскошни и еротски скулптури, меѓу другото.

Во Индија растат џиновски палми. Достигнуваат висина и до 22 метри, а листовите достигнуваат до 5 метра должина.

Таџ Махал, мавзолејот од 17-тиот век, изграден во Агра од индискиот шах Џанан како симбол на големата и вечна љубов за неговата почината сопруга, се наоѓа на листата на светски наследства на UNESCO.

Индиските плажи се долги преку 7000 километри.

Официјалната валута на Индија смее да се користи само во Индија. Изнесувањето на рупата вон границите на земјата е строго забрането и за тоа следува кривично гонење.

Супер-интересен факт: Индиските жени на себе можат да носат дури 11% од вкупното злато на земјата. Тоа е повеќе
од националниот трезор на САД, Швајцарија и Германија заедно.

Индиските полицајци се финансиски мотивирани од страна на државата да носат бркови.

Повеќе од половина од населението во своите домови нема лавабо, а Индијците имаат повеќе мобилни телефони отколку ве-це шолји.

Индија има и некои чудни професии. На пример: уличен чистач на уши.

Индиската авиокомпанија „Go Air“ вработува само пилоти жени, бидејќи пресметале дека заради нивната помала тежина, заштедуваат и до 500.000 долари годишно.

- Реклама -