Каде, како и зошто настанале првите велосипеди?
Во 1818 година Барон Карл вон Драис од Германија, патентирал дизајн за возило на две тркала наречено “Laufmaschine”, односно тркачка машина. Овој претходник на модерниот велосипед се состоел од две тркала кои биле сместени веднаш под седиштето и воланот, а го дрвижел возач на начин што нозете ги туркал од земјата. Оттука е и името тркачка машина.
Често нарекувана и “Draisine” оваа справа не е конструирана поради забава, туку од потреба. Имено, Драис барал замена за коњите кои биле изгладнувани до смрт во текот на ужасната вулканска зима, која следела по ерупцијата на вулканот Маунт Тамбор во 1815 година. Неговиот изум инспирирал други произведувачи од Англија и Франција кои конструирале свои возила на две тркала, нарекувајќи ги велосипеди.
Чудната направа во прво време станала хит, но широката употреба ја попречиле бројните закони и прописи во многу градови. Поради лошите улици во тоа време, возачите често возеле по пешачки стази, правејќи гужва меѓу пешаците.
Во следните децении, биле произведени многу уреди до три, па и четири тркала, кои биле управувани со помош на ланец и педали. Се до 1860 година, луѓето немале храброст да ги подигнат нозете од земјата и да ги балансираат на велосипедот со две тркала.
“Laufmaschine” на Карл вон Драисов во 1820 година
Четири тркала од 1850 година
Сер Артур Конан Дојк со жената на велосипед, 1895 година
Трициклот со први гуми на тркалата го конструирал Џон Бојд Данлоп во 1888 година
Не се знае со сигурност кој прв ги додал педалите, но факт е дека тоа бил еден од клучните моменти во еволуцијата на велосипедите, и навистина голема иновација во тоа време. Тоа всушност било доказ дека луѓето можат да се возат со помош на педали на две тркала, без страв дека ќе паднат од велосипедот.
Кога таа препрека била совладана, возачите се свртеле кон нов предизвик: постигнување поголема брзина. Новите велосипеди со големи предни и минијатурни задни гуми, популарно биле наречени “penny-farthings”. Многу велосипеди од ова време биле нарекувани и bone shakers бидејќи недостатокот од било каква амортизација не гарантирал пријатно возење.
Возачи позираат со својот “penny-farthings”, 1890 година
Penny-farthings трка во Њујорк, 1890 година
Благодарение на пронајдокот за кружниот ланец во 1885 година, Џон Кемп Стерли го претставил на светот Rover Safety велосипедот, првиот широко распространет велосипед со ланец кои ги поврзува педалите со задната гума, управуван со помош на предната. Ново е и тоа што за прв пат гумите биле со исти димензии.
Во првата половина на 90-те години на 19-от век, произведувачите започнале да додаваат и гуми на новите велосипеди, со што го пронашле патот на велосипедите и до идните генерации.
Чарлс Стјуарт Ројс (десно), коосновач на компанијата Ролс Ројс, со колега во 1895 година