Грицкањето на ноктите и усните не е одраз на нервоза, во прашање е нешто сосема друго.
Многумина мислат дека луѓето кои ги грицкаат ноктите и усните или со прстите вртат прамен од косата, патат од компулсивно-опсесивно пореметување.
Едно ново истражување докажа дека причината за грицкање не мора да е негативна.
Според медицинско истражување кое го спроведоа експерти од Универзитетот во Монтреал, компулсивните навики насочени кон телото како грицкање на нокти можат да бидат последица на една безизлезна карактеристика – перфекционизам.
Истражувачите воспоставиле дека поединците со овој тип на однесување често се нетрпеливи перфекционисти кои своите задачи ги објавуваат побрзо од другите луѓе, па лесно запаѓаат во досада.
Покрај грицкањето на ноктите и усните во оваа категорија спаѓа и навиката за виткање на прамен од косата, и слични однесувања.
Испитаниците на истражувањето биле ставени во три различни ситуации во кои ги провоцирале со стрес, здодевност и опуштеност. Голем дел од испитаниците ги примениле своите навики исклучиво во состојба на досада, а не во состојба на стрес или фрустрации што докажува дека нервозата не е неопходна за да им се фрлиме на ноктите.