Кога на 14 март 1930б година се појавила веста за откривањето на ново небесно тело во Сончевиот систем, светот горел од љубопитност.
Едно мартовско утро во 1930 година, Венејша Барни појадувала во својот дом во Оксфорд, додека нејзиниот дедо Фалконер го прелистувал дневното издание на лондонскиот „Тајмс“.
На 14 страници дента била раскажана приказната за новооткриената планета во Сончевиот систем.
Дедото и го прочитал написот на својата внука, заљубена во планетарниот систем, која неретко на училиште правела макети за Сончевиот систем.
„Сите бевме воодушевени. Со денови се зборуваше за новото небесно тело. Одеднаш ми падна на ум: Зошто да не го наречеме Плутон? И така започна сè“, вели Ванејша во документарецот “Naming Pluto”.
Тоа му се допаднало на нејзиниот дедо, пензиониран библиотекар на Оксфордскиот универзитет, и го предложил како име.
Набрзо добил одговор кој гласел: „Јас мислам дека тоа е бролијантно!“. Астрономот им испратил телеграма на своите колеги во Опсерваторијата Аризона кои го откриле небесното тело. По гласањето, Плутон – тогаш официјално деветата планета го добила своето име. Интересно е тоа што ниту еден член на опсерваторијата не се противел на името предложено од малата Британка.