Од капетанскиот дневник на нарко-глисерите

Исла де Провиденсија е мал остров каде животот тече прилично бавно. Луѓето делуваат како да не знаат што е стрес и постојано се насмеани. Навидум.

Островот бил колонизиран од британските пуританци во 1629-тата година, а како база го користеле и британските пирати, вклучувајќи го капетанот Хенри Морган.

Островот се наоѓа близу Никарагва, но долго се сметаше за дел од Колумбија. Тамошниот јазик потсетува на лош и неправилен англиски, а жителите сметаат дека припаѓаат на Карибите, а е на Колумбија. На Провиденсија живеат околу 5000-6000 островјани, многу од нив растафаријанци. Иако островот долго и успешно ги избегнувал налетите на насилните колумбиски нарко криумчари, не е сé така сјајно.

FaroutviewProvidencia_1[1]

Таму нема да видите оружје или престрелки, нема телохранители, моќници или типични нарко-босови. Но проблемот е таму, веднаш под површината. „Губиме мажи“, ќе рече една од островјанките. „Според моите истражувања, најмалку 800 мажи се затворени во странските затвори или едноставно се исчезнати.“ Во превод, еден од четири жители е изчезнат, во популација што има рамномерен број на мажи и жени.

Практично ќе беше и невозможно Провиденсија засекогаш да остане имун на колумбиските проблеми. Пред неколку години, криумчарите на дрога откриваат дека островјаните се исклучително добри морепловци и дека наследиле непроценливо знаење за околните води од нивните предци. „Тие се последната врска на трговијата со дрога“, вели повозрасниот новинар Ампаро Понтон, кој на Провиденсија живее веќе 25 години. „Островјаните го познаваат океанот подобро од било кој, па ги вработуваат како капетани на наркоглисерите“.

Наградата за успешна испорака на дрогата до саканата дестинација, која може да биде било каде од Хондурас па до Флорида, е 1000 долари. Ризикот е дека можат да бидат фатени од полицијата и да завршат во затвор. Сепак, една од наризичните ситуации е кога крајбрежната стража ги гони нарко-бродовите. Екипажот е приморан да се ослободи од дрогата фрлајќи ја во океанот, постапка што многу е тешко потоа да ја оправдате пред нарко-босот кој ја пратил или ја очекува пратката. Тоа значи дека штом се најдете во таква ситуација, веќе немате привилегија да одбиете било каква задача што „кралот“ ќе ви ја додели.

Providensia[1]

Опција за младите луѓе би бил туризмот, но Провиденсија свесно одбива да тргне по тој пат, со цел да си го сочува мирот и автентичноста. Но, не е само недостатокот на опции причина, виновен е и „малолетничкиот адреналин“. Младите таму често се потпираат на изреката „Имам 3 можности: да погодам, да пропаднам или да добијам“; со други зборови, да поентираат и да постигнат нешто, да бидат фатени или да бидат убиени.

„Веќе изгубивме 10 отсто од генерацијата постара од мојата“, вели 26-годишниот Лорено Бент. „Постојат деца кои се будат без да ги познаваат своите татковци, затоа што тие се изгубени некаде во морето кога децата уште биле бебиња. Мајките плачат бидејќи нивните синови заминале и никогаш не се вратиле. Никој не знае каде се. Може да се во било кој затвор во светот. Едноставно, не знаеме“.

Сепак, островјаните немаат посебно критички став кон оние кои се бават со криумчарење на дрога. За Колумбија тоа е незаконско, но за нив е единствениот начин за опстанок. Единствено важи едно правило, тоа е дека „стекнувањето на пари не треба да вклучува криминал против друг човек“.

„Луѓето велат дека тоа се лесно заработени пари, ама не се, нив е најтешко да ги задржите. Ако се будите наутро знаејќи дека животот ви е во опасност, тоа никако не може да биде лесна пара“, вели Лорено.

Кога ќе исчезне нечиј син, родителите не знаат кога заминал и дали ќе се врати. Многу од нив се чувствуваат посрамотено околу она што го прават нивните деца и не преземаат некакви конкретни чекори. Но, отсутноста на потомците е длабоко врежана во свеста на островјаните. Постојат семејства каде што се исчезнати и синот, и таткото, и дедото, и прадедото. Уште една трагедија на грбот на колумбискиот нарко-бизнис, истакнува BBC.

- Реклама -