Пред некое време на големо се зборуваше за еден „ишљифуван“ дилер по име Џеј кој оставал по еден мал примерок од неговата трева, закачена на визит карта, низ Фалоуфилд, предградието на Манчестер.
Во малото ќесенце имало колку за едно џокче, а на визитката го пишувало бројот на неговиот мобилен телефон и цртеж на бесен мотор кој истакнува дека Џеј е многу побрз во доставата од неговата конкуренција.
Инаку Фалоуфилд е маало, предградие на Манчестер кое во моментов има меѓународна репутација на место во кое можеш да си најдеш дрога во секое време. Што е малку и претерано.
Не е разјаснето дали визитката на Џеј е вистинска или Џеј е ликче кое стварно сака да ги извади од такт читателите на локалниот „РадиоТајмс“
Толку за Џеј, погледнете ги останатите креативни визитки …