Зошто халуцинираме: Успеавте ли да видите бебе на сликата?

Со помош на црно-бела фотографија, научниците од Кембриџ и Кардиф се обиделе да откријат како настануваат халуцинациите.

Имено, доколку внимателно се загледате во фотографијата ќе видите бебе, а според научниците токму таа способност ја објаснува причината за халуцинацијата која е поврзана со психичкото растројство.

Тие ја објаснуваат халуцинацијата како природен процес кој што настанува како последица на мозокот да им даде смисла на работите.

bebe

Според тоа, сликите и звуците можат да бидат пополнети на основа на очекувањата.

За целите на студијата на оваа тема, научниците интервјуирале 18 луѓе, пред кои биле поставени предизвици, односно слики како оваа со бебето.

Учесниците кои имале знаци на психоза дале поголеми резултати. Психозата е состојба кога се нема допир со реалноста и се халуцинираат работи кои не постојат.

- Реклама -