Последниот диктатор на Европа

Стара анегдота раскажува дека во Белорусија бил одржан референдум со прашање “Дали имате нешто против тоа Лукашенко да остане претседател?”. Одговорите биле “Не, немам против” и “Да, нека си остане”.

lukashenko1

Иако изборите во неделата повторно го направија овој виц актуелен, вистината за животот на оштетената страна од Втората светска војна е многу позаплеткана, отколку што ја познаваме.

Белорусија е пример за контрастот во модерната политика: тоа е земјата со над 20 години Лукашенко, статуите на Ленин, Сеприсутните слики на срп и чекан и огромната стоковна размена со Русија. Но Белорусија привлекува и значителни инвестиции од страна на САД, додека Европската унија одлучи да ги “охрабри” релативно ненасилните избори, со тоа што ги откажа привремените санкции против Минск.

Последниот диктатор на Европа

Да зборуваме за денешна Белорусија без Александар Лукашенко е дури поневеројатно, отколку да зборуваме за Русија без Путин. Во последните 21 години тој е незаменлив претседател на Белорусија, кој успева да лавира меѓу сите обвиненија, социјални и економски проблеми на земјата. Само пред неколку дена со леснотија доби петти последователен мандат на чело на земјата.

Кариерата, како и образованието на Лукашенко се секогаш поврзани со земјоделството и политиката – учи за историчар, а во меѓувреме се здобива со втора диплома “инженер-организатор во земјоделството”. По завршувањето на студиите тој работи како политички инструктор, директор на фабрика и комсомолски секретар до 1990 кога е избран за пратеник.

Оттаму кариерата на Лукашенко оди чекор напред. Во 1994 година по исклучително “оспорените” избори, е избран за претседател на Република Белорусија.

Во последната предизборна кампања тој изјави дека очекува да победи со над 80% од гласовите, што и се случи. Бројката не е случајна – од неговото прво учество на избори до денес Лукашенко победува со меѓу 76 и 85% од гласовите.

Ќе го видите во воена униформа на парада, па и како бере компири со работниците на полето. Одржувањето на конзервативен имиџ е основата на неговото разбирање, затоа не е и случајно, што е нарекуван “човек од народот” и “таткото” Лукашенко во про-претседателските медиуми.

Со изразот “Лукашевизам” се претставува идејата за автократија, која функционира како мешавина од голем акцент врз економијата и политиката, измешана со носталгијата по социјализмот.

lukashenko2

Меѓу Евроазија и Европа

Митот за целосна зависност од Русија, се кредитите и инвестициите од американски компании.

Иако во последниве години стоковата размена меѓу Белорусија и САД се движи меѓу 100 и 150 милиони долари, во 2007 и 2008 надминува 1 милијарда долари, a потпишаните договори за директни инвестиции по белоруски-Американскиот форум во 2014 се за над 200 милиони долари.

Над половина од надворешната трговска размена на Белорусија е со земјите од Европската унија – во сферата на услугите (IT, градежништво) балансот за првите 6 месеци од 2015 е позитивен со речиси 1,2 милијарди долари.

Уште во 2005 со указ на претседателот беше формиран hi-tech бизнис парк, кој собира на едно место бројни компании од IT секторот. Во последниве години почна изградбата на “Минск-Мир” – сосема нов трговски, економски, образовен и станбен центар на главниот град на Белорусија, кој има амбиција да биде поврзан со слични центри во Хонг Конг, Сингапур и Дубаи.

Колку ќе биде рентабилно, дали на крајот ќе биде целосно реализиран или ќе остане до неколку згради – тоа е прашање на блиска иднина.

Локацијата на Белорусија е стратешка. Можноста за создавање на логистички центри од Азија кон Европа е целосно осознаена – годишно нејзините граници ги поминуваат над 100 милиони тони стока од ЕУ, со тоа што 90% од нив се за Русија.

Во последните години Минск вложува многу напор во развој на логистички центри, со тоа што веќе над 7,5% од БДП на земјата е формирана од транспортна активност.

Белорусија, за разлика од другите земји од социјалистичкиот блок, не направи масовна приватизација. Лукашенко се откажа од можноста за шок-терапија која го потресе фундаментално целиот поранешен СССР  поради проста причина што не беше направена по учебник, со меѓународни компании, туку преку “именувани” капиталисти.

Ваквиот потег доведе до тоа голем дел од сопственоста на Белорусија да остане државна. Само во последниве години Владата се одлучи на промени. Со декрет 348 се направи потег за трансформацијата на целосно државните претпријатија во акционерски друштва во периодот 2011-2013 година.

Неколку години пред тоа беше спроведен декрет, кој даде можност за приватизација на над 300 државни претпријатија – од текстилната индустрија до тешки индустриски комплекси.

Значителен дел од сегашните инвеститори се имено руски фондови и лица кои веќе имаат стекнато искуство и капитал. Токму овој економски зафат може да ја разниша позицијата на Лукашенко во догледна иднина, како што се случи во други земји зависни од Русија.

lukashenko3

Од Русија со љубов

Иако Белорусија учествува во евроазиската унија, Лукашенко продолжува да бара можност за приближување кон ЕУ и САД. Аналог во економски аспект може да биде направен со Титова Југославија, во која инвестираат како САД, така и Советскиот Сојуз.

Одбивањето да биде изградена руска воена база во Белорусија е едно од последните активности кои ја покажуваат политиката на оддалечување од Русија. Во исто време во 2014 стоковата размена меѓу двете земји вклучуваше извоз од Минск кон Москва на егзотично овошје и октоподи кои се бореа ембаргото од страна на ЕУ.

Во јули Белорусија доби нов руски заем од 760 милиони долари, кој беше користен за покривање исплати на надворешниот долг за 2015.

Во последниве месеци Лукашенко влезе во нова улога – на медијатор меѓу Русија и Украина. Сега државниот PR го претставува “Таткото” како миротворец, а Белорусија – како нова регионална сила во дипломатијата и политиката.

Оваа медијација брзо се исплати – украинскиот претседател Петро Порошенко лобира во последните неколку месеци за отстранување на санкциите против Лукашенко и Белорусија.

Татко и син

Лукашенко има три сина, со тоа што најмалиот – Николај, е наводниот наследник. Николеј е роден во 2004, од односот на Лукашенко со неговата лична лекарка.

Иако има само 11 години, Николај Лукашенко веќе беше на официјални средби со Путин, Папата Бенедикт XVI, а неодамна беше дел од официјалната делегација на Белорусија во ОН, каде се сретна со Барак и Мишел Обама.

Од 4 годишен Николај патува со својот татко по официјални настани, со тоа што на еден од нив, Медведев, во својство на претседател, му подари златен пиштол. Тој е постојано со Лукашенко, може да биде виден во воена униформа на парада, па и да гласа со својот татко на избори или да игра со него хокеј на лизгалиштето.

Противниците на претседателот тврдат дека Лукашенко се обидува да стави династички основи, а крајниот резултат од тоа е Белорусија да заличи на Северна Кореја. Тоа значи дека Лукашенко се подготвува за уште најмалку 20 години управување, додека неговиот син наполни 30 и има можност да биде избран за претседател.

Лукашенко Џуниор предизвикуваше детински симпатии меѓу поддржувачите на режимот, но веќе се посериозно се прифаќа тезата дека го подготвуваат за наследник на претседателската функција.

На овие напади Лукашенко одговори пред неколку години, дека едноставно син му има лош сон и не го трпи недостатокот на татка си. Во едно неодамнешно интервју тој тврдеше дека Николај не слуша никој друг освен него и тоа е единствениот начин да го држи под контрола.

lukashenko4

На чекор пред крахот

Ако до пред неколку години Белорусија се славеше како исклучително евтина земја за живеење – ниски кирии, евтини бензин и стоки за широка потрошувачка, денес тоа е минато.

Гасот и нафтата со големи отстапки од Русија во форма на кредитни линии веќе не се пракса, туку целосната контрола од страна на државата во речиси секој сектор доведе до опиплив недостиг на квалитетни стоки по пристапни цени.

Лукашенко е како мудар играч кој пази биланс на 200 метри височина помеѓу две кули без заштитни средства.

Иако е единствениот пратеник кој гласаше против излегувањето на Белорусија од СССР и целата негова кариера се гради на база социо-носталгија, до денес веќе се обидува да ја отвори земјата кон Европа и ЕУ, гледајќи го претстојниот крах.

Ослободувањето на политичките затвореници и присуството на набљудувачи од ОБСЕ на последните избори доведе до намалувањето на ембаргото од страна на ЕУ за 4 месеци, што ќе даде можност за превземање на капитал и стабилизација на позициите на Лукашенко.

Всушност признанието дека е избран легитимно доаѓа токму со овој потег на ЕУ, што пак овозможува ослободување од канџите на Москва. Или тоа е само уште еден блеф на еден вешт политичар кој успева повеќе од 22 години да доминира една од земјите со најголем потенцијал за развој.

- Реклама -