Официјална најнова статистика за најголемата бегалска криза по Втората светска војна.
Од почетокот на годината во Европа пристигнале 593 432 илјади мигранти и бегалци, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Повеќето влегле во Грција – 453 912 лица, од кои 277 899 се Сиријци, а 76 620 – Авганистанци. Бројот на Ирачаните, исто така не е мал – 21 552 лица.
Во Италија пристигнале 136 408 лица. Од нив сиријци се 35 938, Нигеријци се 17 886, а Сомалијци – 10 050 лица.
Според податоците на ИОМ, од 9 октомври бројот на мигрантите и бегалците во Европа се зголемил за повеќе од 13 илјади луѓе.
3103 лица загинаа во морето во потрага по подобар живот.