FitnessCorner: Мултивитамините имаат мулти намени

Верувале или не, најнеопходните суплементи нема да бидат креатините или протеински прашок, туку мултивитамините.  Oвие микрунитриенти (витамини и минерали) ќе обезбедат вашето тело оптимално да функционира и да имате оптимални резултати од храната која ја јадете.

Вистината е, тешко е за секој од нас секогаш да одржи правилен баланс на оптимални микронутриенти поради работните обврски, брзиот начин на живот, интензивните и фреквентни тренинзи и слично. Исто така треба да се земе во предвид дека купувањето ,приготвувањето и јадењето на правилната храна може да одземе многу време и финансии. За вашето тело да функционира во оптимални граници, мора да има пристап до сите есенцијални нутриенти, поготово ако вашата цел е да изградите што поголема мускулна маса. Тука “настапуваат” мултивитамините. Биохемичките процеси кои се потребни да се одвиваат за време на интензивните тренинзи се потпомогнати од овие микронутриенти кои може да се најдат во овој вид на суплемент.

Некои од бенефитите кои може да се добијат од соодветен микс од витамини и минерали за индивидуа која е физички активна се подобрена протеинска синтеза, која ја подобрува способноста телото да го апсорбира протеинот кој се внесува и гради мускулна маса, регулирање на метаболизмот, кој ги контролира нивоата на енергија, растење и опоравок на мускулите. Други бенефити на мултивитамините се:

  • Го зајакнува имуниот систем
  • Ја подобрува дигестијата
  • Ги зголемува нивоата на енергија
  • Ја подобрува работата на мозокот
  • Го намалува ризикот од хронични заболувања

Иако вашата цел треба да е секојдневно да ги внесувате сите неопходни и потребни микронутриенти, не е секогаш возможно. Многумина вежбачи  не ги задоволуваат потребите од потребните микронутриенти секој ден, константно. Витамините служат да се компензира со дефицит на некои микронутриенти, и да ја подобри метаболичката реакција во телото. При интензивно тренирање, витамините се посебно потребни поради тоа што  треба да ја замени потрошената енергија која е потрошена при тренирање.

supplements-vs-real-thing2

ШТО ПОТОЧНО ТРЕБА ДА БАРАТЕ ВО ЕДЕН КВАЛИТЕТЕН МУЛТИВИТАМИНСКИ СУПЛЕМЕНТ ?

 

Со толку многу мултивитамини на маркетот, да го одберете најдобриот може да биде навистина проблем.Иако  сите произведувачи на суплементи ќе ве убедуваат дека нивниот е најдобар, постојат неколку основни работи на кои треба да обрнете внимание кога го правите вашиот избор, како што е способноста на витамините да се апсорбираат и чистината на состојките.

Најдобриот избор би ви бил да идете со некои мултивитамини  од некоја докажана фирма на која може да и се верува. Тоа е така затоа што тие најчесто имаат поголеми количини на квалитетни состојки кои содржат поголема биодостапност од стандардните мултивитамини. Затоа е поверојатно тие да да бидат подобро аспорбирани од вашето тело, со цел да ги добиете потребните витамини и минерали за секој тренинг.

- Реклама -