Синот на Том Хенкс призна дека продавал кокаин

Синот на славниот глумец Том Хенкс, Честер Хенкс призна дека е зависник од кокаин. Честер призна дека прв пат пробал дрога на 16 години и дека никогаш не престанал да ја конзумира.

chester-hanks2

Тој на Инстаграм објави видео и изјави дека веќе неколку месеци е на рехабилитација и дека се чувствува многу подобро. Тој исто така изјави дека во минатото правел многу лоши работи, меѓу кои и продавал кокаин и истиот го користел во преголеми дози.

Chester-Chet-Hanks

За 25 годишниот Честер се дозна кога полицијата интервенирала во еден стан близу Лондон, каде Честер направил инцидент откако една жена одбила да има секс со него.

Сега тој е решен да си го промени живитот.

 

 

- Реклама -