Кога сите најмалку очекувавме, по силните натпревари на Интер и 100% учинок во Сериа А, вчера се случи и тоа. Фиорентина го смачка Интер и тоа, ни помалку ни повеќе, 4-1, на Џузепе Меаца.
Со оваа победа Фиорентина стана лидер на табелата во Италија со исто бодови колку Интер, но подобра гол разлика. Хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ одигра одличен натпревар.
Калиниќ постигна хет – трик, а беше најзаслужен и за првиот гол што го постигна Иличиќ од пенал, уште во четвртата минута од средбата.
Домашниот тим уште од 31 минута играше со играч помалку.