Кинезите стапнаа на најдолгиот стаклен мост, на висина од 180 метри

Стариот дрвен мост, од неодамна е заменет со стаклен. Овој мост со стаклен под е лоциран во паркот Шинизухај во Хунан и е долг 300 метри, а висок 180 метри. Подот е направен од два слоја стакло кое е дебело 24мм и е 25 пати посилно од обично стакло за прозорец.

Стариот мост бил направен од дрво и поврзувал два врва на Камената планина Буда. Единаест инженери работат 12 часа на ден и дрвениот мост го претвораат во нов, стаклен. На почетокот оној кој ќе го преминел дрвениот мост се сметал за херој, а денеска самиот мост со својот стаклен под се нарекува „Мостот херој“.

worlds-longest-glass-bridge-shiniuzhai-geopark-china-1 worlds-longest-glass-bridge-shiniuzhai-geopark-china-2 worlds-longest-glass-bridge-shiniuzhai-geopark-china-3 worlds-longest-glass-bridge-shiniuzhai-geopark-china-4 worlds-longest-glass-bridge-shiniuzhai-geopark-china-5 worlds-longest-glass-bridge-shiniuzhai-geopark-china-6 worlds-longest-glass-bridge-shiniuzhai-geopark-china-7 worlds-longest-glass-bridge-shiniuzhai-geopark-china-8

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
- Реклама -