Загина за време на снимање, но неговата смрт спаси многу животи

Џон Ерик Хексум беше познат како американски модел и еден од најсексапилните актери во периодот од осумдесетите. Тој ја глумеше токму главната улога на серијата „Cover Up“, но неговиот живот трагично згасна на само 26 години.

Имено, за време на снимањето на седмата епизода на серијата, Џон сакал малку да се забавува. Тој го земал пиштолот кој служел како реквизит на снимањето и изигрувал руски рулет. Тој го доближил пиштолот до главата и пукал. Иако тоа не е вистински куршум, туку е филмски, сепак и тоа е опасно по живот.

dzon-eriks-heksium-foto-wimedia-1443186325-748463

Џон веднаш е префрлен во болница, на операција која траела цели 5 часа. Но сепак не успеале да го спасат.

Шест дена по смртта на актерот, неговата мајка одлучила да ги донира органите на својот син. Па така го донирала срцето, бубрезите и кожата, на тој начин спасувајќи три живота.

 

- Реклама -