За време на настапот на Светлана Ражнатовиќ во Штип по повод „Штипска пастрмајлија 2015“ неколку луѓе доживеале незгода и завршиле во болница.
Имено, за нив била кобна канализацијата за атмосферски води, во која пропаднале четворица минувачи. Тие се нашле во канал со длабочина од метро и половина, зашто бетонските плочи не успеале да додржат.
Фановите се здобиле со повреди меѓу кои изместени зглобови, гребаници по телото, а една жена добила и потрес на мозокот.
Штипскиот градоначалник вели дека за несреќата се виновни угостителите бидејќи ставиле маси, онаму каде што требало да се поминува.