Експерти од компанијата “Sand hill property” развија проект за нов шопинг центар во Силиконската долина на чиј што покрив ќе се најде огромна зелена површина.
Компанијата купила 20 хектари земјиште, а целиот проект ќе чини околу три милијарди долари.
Зелената површина нема да се наоѓа само врз шопинг центарот, туку и врз околните згради и седишта на лидерски светки компании. Планот е покривите да изгледаат како да е земјата издигната за неколку ката.
Оваа зелена површина би била отворена за посетителите, а во нејзини рамки ќе се наоѓаат градини, овоштарници, амфитеатар и паркови за деца. Исто во план е да биде изградена километарска стаза за џогинг и прошетки.
Во моменталниот предлог се наведува дека ќе биде изградено и кино, терен за куглање и лизгање. За сега се уште се чека дозвола за изградба на ваква површина, бидејќи освен конструкцијата потребна е и рециклирана вода за наводнување, греење и ладење, како и систем за собирање на дождовницата.
Површината би била пошумена со едноставно зеленило кое не е тешко за одржување. Освен тоа, компанијата планира да донира 40 милиони долари за две локални училишта.