Со портрет од Одри Хепберн – иконата на стилот, уште на прв поглед добиваме впечаток дека се работи за стан во кој се негува добриот вкус.
Овој животен простор зафаќа само 40 квадратни метри површина, и е одлична инспирација за уредување, особено за луѓе кои уживаат во елеганцијата и светлите детали (како цвеќињата) што ги балансираат сивата боја и дрвените елементи.
Станот има дневен престој со трпезарија, кујна, бања, две спални соби и мини канцеларија.