Спејс шатлот Ентерпрајз е отворен за посети во Њујорк. Intrepid Air and Space Museum официјално го претстави шатлот денес.
Прва впечаток? Шатлот е огромен, гледајќи ги лансирањата се добива впечаток дека леталото е големо но мора да се застане до него за да се сфати неговата вистинска големина. Музејот дозволува да се приближете до еден метар на шатлот но не е дозволено влегување во леталото.
{vimeo}45995272{/vimeo}
Ентерпрајз е еден од шатловите кои не биле во вселената. Тој бил само прототип искористен за тестирање на способноста за летање и слетување на тркала наместо во океанот како претходните вселенски летала на NASA.