Значи ме извади од такт

Следните изрази ги знае секој, бидејќи ги има слушнато стотици пати од своите родители, додека бил дете.

Денес тие звучат забавно и се апсолутен  доказ дека сите родители го зборуваат истото.

  • Доста со трчање, ќе се испотиш и ќе настинеш.
  • Нема сладолед, ќе те боли грлото.
  • Иван, кажи им ја на гостите песната за срничката.
  • Излегувај од морето! Два саати си внатре.
  • Немој ти мене таков тон. Каде се наоѓаш?
  • Земи ја чинијата и послужи ја тетка ти.
  • Никако станување од масата, додека не си изедеш сè!
  • Пушиш ли? – Не. Ај да ми хухнеш.
  • Не јади чоколади сега, ќе си го расипеш ручекот.
  • Имаш нешто да ми кажеш, треба да одам на родителска.
  • Додека живееш во мојата куќа, ќе го правиш она што јас ќе ти го кажам.
  • Разбираш ли ти Македонски?!?!
  • Ќе видиш ти кога ќе имаш деца
  • Дај да ја видам тетратката.
  • На кого се метна таков? Во моето семејство немаме такви.
  • Не мрдаш дур не ја средиш собата.
  • Ве испрашуваа денес?
  • Ти со кого мислиш дека зборуваш?
  • Не ми викај добро. Што е добро?
  • Зашто јас така сакам.
  • Парите не растат на дрвја.
  • Не ми е гајле за другите деца.
  • Ако Марко ти каже да скокнеш во базен, ќе скокаш?
  • Значи, ме извади од такт!

 

 

 

- Реклама -