Денеска (23 септември) во МАНУ, со почеток во 19 часот ќе бидат изложени дела на академик Васко Ташковски, по повод 50 години творештво на уметникот.
Васко Ташковски (Нижеполе, Битолско, 31 август 1937) е легенда во македонската уметност, кој освен со сликарство се занимава и со наменска сценографија за театар, телевизиски и филмски прокти, како и сценографии за разни манифестации (музички и театарски фестивали, јавни настани од областа на културата).
Работел и како илустратор на повеќе изданија. Завршил Академија за применета уметност во Белград 1964 година. Се занимава со сликарство, сценографија, илустрација и др. Покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел, цртежи и графика. Има реализирано 40 самостојни изложби, меѓу кои во Шибеник, Скопје, Каиро, Париз, Анкара, Њујорк, Виена. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и надвор.