Часовникот во овој автомобил ќе чини повеќе од самиот автомобил

Ако веќе го произведуваат најскапиот SUV автомoбил во светот, за нив е сосема логично е да го нудат и најскапиот часовник во автомобил во светот.

tley

Тоа барем планираат да го направат од Bentley кога ќе започнат да го продаваат новиот SUV модел Bentayga за неколку месеци. Основната цена на автомобилот ќе биде 229. 100 долари во САД, но таа може да скокне доста со најразлични дотатоци, меѓу кои и часовник Breitling Mulliner Tourbillon. Засега не е прогласена крајна цена на часовникот, но се очекува таа да биде околу 150 000 фунти (234 000 долари), што го прави поскап од самиот основен автомобил Bentley Bentayga.

tley1

Производителот ја оправдува високата цена со тоа што часовникот е опремен со “најкомплексниот механизам.”

Часовникот ќе биде од злато, а сопствениците на Bentayga ќе можат да избираат меѓу бело и розово злато.

Часовникот е инкрустиран со осум големи дијаманти. За оние кои не можат да си дозволат да потрошат повеќе за часовник отколку за автомобил, Bentley ќе нуди во новиот Bentayga стандарден часовник Breitling. Засега не е јасно дали првиот автомобил од новиот модел, кој е резервиран за англиската кралица, е порачан со скапиот часовник или со стандарден.

- Реклама -