Еве каде се чува се што некогаш сте објавиле на Фејсбук

Замислете, ако го вклучите Фејсбук од вашиот телефон, активноста ќе биде забележана на повеќе од 1000 сервери.

10612614101522444678426945407379661656843772n0

Од 2011, Фејсбук отвори центру во Орегон, Ајова, Северна Каролина и Шведска.

1375677101516961733526941330630206n 138346710151696173147694946317088n

Целта на Фејсбук е нивните центри да бидат поефикасни и затоа внимаваат и на најситните детали. Сепак, „ефикасен“ во случајот на Фејсбук не значи и „што помал“.

145484010151696173422694383646029n 216687101501516835876945861962n

Првиот центар, кој се наоѓа во Орегон, има 1528 километри кабли во себе. Иако би помислиле дека тоа е неверојатна количина на струја потребна за одржување, Фејсбук своите центри ги унапредува да бидат економични и да трошат што помалку енергија, а со самото тоа и помалку да чинат.

580447474323632636330782670225n

Поради начинот на кој се поврзани серверите, работниците можат лесно да ги пронајдат, тргнат и поправат сите компоненти.

Она што е можеби најважно е спречувањето на прегревањето на серверите. Во шведскиот центар, воздухот се извлекува однадвор и потоа се обработува за да ги разлади илјадниците сервери. Ладниот воздух поминува и низ голем број на филтри и прскалки кои дополнително помагаат за намалување на температурите и влагата во просториите со серверите.

9359274743238259696442135677792n 9716444743236759696591943342137n

- Реклама -