Кинезите се тотално опседнати со желбата да ги имаат новите телефони на Apple, iPhone 6s и 6s plus, што за таа цел би направиле сешто.
Така двајца пријатели се обиеле да продадат бубрег за да си купат примерок од новите телефони на компанијата.
Најново е тоа што болниците одлучија на секој ќе донира сперма, да му подарат пари за да си купи iPhone.
Неколку болници во Шангај тргнаа во рекламна кампања, а некои од слоганите гласат: Нема потреба да продадете бубрег, лесно се доаѓа до ајФон 6Ѕ.
Болницата нуди 945 долари за секои 17 мл. сперма, што е доволно за да купување на iPhone 6S од 16 GB. Меѓутоа не може секој да донира сперма. Неопходно е мажот да биде повисок од 165 сантиметри, да нема наследни болести и да е доволно плоден. Исто така, 48 дена се минимален период кој мора да помине меѓу две донирања на сперма.