Нов суперавтомобил од Aspid

Шпанскиот производител на спортски автомобили, Aspid, официјално го претстави својот втор модел – GT-21 Invictus.

Во изведбата на ова остварување  се користат карбон, алуминиум и други лесни материјали. Возилото се потпира на добро познатиот 4.4 литарски, осумцилиндерски мотор на BMW, со моќ од 450 КС. Тој е во спрега и со 6-степен рачен менувач, а како опција може да се добие и со 7-степен роботизиран менувач со двојна кохезија.

Од 0 до 100 km/h  шпанската машина забрзува за помалку од три секунди. До 160 km/h достигнува за 6,8 секунди, а до 200 km/h – за 10.6 секунди. Максималната брзина е 305 km/h.

Димензии на возило се 4.447 mm должина, 1.902 ширина и 1.226  висина, а меѓуоскиното растојание е 2560 mm. Суперспортската изведба тежи само 990 килограми.

Прочитајте и:  КРИК го слави Денот на Шпанија

Новината располага со интегриран дисплеј во управувачот, моќни сопирачки механизми, 19-инчни тркала напред и 20-инчни назад. Сопствениците на Aspid предвидуваат да не произведуваат повеќе од 250 примероци годишно од овој автомобил, кој ќе се продава само од 20-те дилери на компанијата низ Европа.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -