Започна гласањето за музичките награди на Ем-Ти-Ви! Кајмакоски на листа

Ем-ти-ви деновиве ги објави имињата на номинираните уметници за европските музички награди, годишно доделување кое ги слави најактуелните изведувачи од сите страни на светот, пишува Радио.мк

Тејлор Свифт го собори рекордот со тоа што е номинирана во дури девет категории! Нејзиниот мегапопуларен хит „Bad Blood“ е во трка за наградите за најдобар видео запис, најдобра песна и во новата категорија за најдобра соработка.

Веднаш зад неа е Џастин Бибер, кој ќе се натпреварува во шест категории коишто му ги обезбеди неговиот најнов сингл „What Do You Mean“. Ривалството меѓу Ники Минаж и Мајли Сајрус продолжува, па така минатогодишната водителка на европските музички награди на Ем-ти-ви во категоријата „Најдобар женски изведувач“ ќе се бори против годинешната водителка на неодамна доделените музички награди за најдобри видео записи на Ем-ти-ви. Австралиските ѕвезди „5 секндс оф самр“ ќе се „пресметаат“ со британските херои „Уан дајрекшн“ во категоријата „Најдобар поп изведувач“, а нивните следбеници ќе се соочат на Твитер во категоријата „Најстрастни фанови“.

Гласањето во сите категории, вклучувајќи ја и „Најдобар изведувач од Балканот“ (Best Adria Act), е веќе започнато на MTVEMA.COM, а ќе трае сè до 24 октомври во 23.59 часот, односно до 14 октомври во 23.59 часот за категоријата „Најдобар изведувач од Балканот“, каде што се натпреварува и нашиот Даниел Кајмакоски. Покрај Кајмакоски, „Ту челос“, Марчело и „Хладно пиво“, петтиот натпреварувач во оваа категорија го одбра публиката, а тоа е Сасја. Најдобриот изведувач од регионот ќе го дознаеме на 15 октомври, а потоа ќе ја продолжи битката во категоријата „Најдобар изведувач од светот“ (MTV Worldwide Act).

ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: „Пресреќен сум и навистина е особено задоволство да се биде на листата на номинирани за најдобар изведувач од Балканот! Особено ми е чест што се најдов меѓу веќе докажани уметници, кои зад себе веќе имаат бројни достигнувања. Ова е мал, но многу важен чекор кон остварувањето на визија што ја дели целиот мој тим. Особено би сакал да му се заблагодарам на регионалниот канал на Ем-ти-ви што постојано ме поддржува и дава признание за мојата работа на ваков фанстастичен начин!“

ГЛАСАЈТЕ ЗА КАЈМАКОСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

- Реклама -