Ова е првата фотографија на Instagram

Пред точно две години, оваа фотографија била првата закачена на интернет со помош на апликацијата што тогаш се викала Codename. Три месеци подоцна, името официјално било сменето во Instagram.

Фотографијата подигната од основачот на Instagram, Кевин Систром, ја отвори серијата фотографии со чудни филтри, а до денес, преку 50 милиони корисници имаат подигнато над една милијарда фотографии со помош на оваа апликација. Сосема случајно, тоа е приближната сума што Facebook ја плати за купување на Instagram.

- Реклама -