Мислите дека сте добар гејмер? Нормално, кој не мисли така? Единственото нешто кое гејмерите го сакаат повеќе од играње е фалење за своите способности. Но ако можете да се фалите со совладување на овие десет ужаси тогаш сте во посебна класа.
Battletoads – NES, 1991
Авторот на оваа игра најверојатно сакал да ги оддели своите жаби од нинџа желките од кои бил инспириран. Неговиот метод бил создавање на една од најфрустрирачките и најтешки игри во историјата на игрите. А ако се обидете да ја совладате играта со пријател тогаш само си создавате нови проблеми за себе бидејќи соиграчите можат да се убиваат меѓу себе.
QWOP – PC/Flash, 2008
Трчањето ви се чини како лесна работа. Сепак ние учиме како да трчаме уште на двегодишна возраст. Оваа едноставна игра со само четири копчиња ќе ви го загорчи животот.
Demon’s Souls – PS3, 2009
Оваа мрачна, длабока приказна полна со акција е една од најтешките игри во последните неколку години. Оваа игра црпи задоволство гледајќи ве како умирате. Често ќе умирате, но сепак и понатаму ќе се враќате, бидејќи колку и да е тешка сепак се работи за добра игра.
Contra – NES, 1987
Класичната Contra има специјално место во срцето на сите гејмери од „одредена возраст“. Тежината на играта и опцијата за играње со пријател значи дека ако сте ја завршиле оваа игра со пријател тогаш ќе останете пријатели доживотно.
The Oregon Trail – повеќе платформи, 1974-1985
The Oregon Trail е една од првите образовни видео игри кои се појавиле во училишта уште во седумдесетите. Учејќи за тешката реалност на животот во 19 век покажува дека луѓето тогаш умирале на секој чекор.
The Heist – iOS, 2011
Прекрасна, креативна и толку тешка што ќе се расплачете. Оваа игра со загатки за iOS вреди за менталната гимнастика потребна за нејзино завршување.
Super Mario Bros: The Lost Levels – Famicom, 1986
Марио е голем кај западните гејмери но ова издание од 1986 година никогаш не било објавено во САД бидејќи од Nintendo сметале дека е премногу тешка.
Trials HD – Xbox Live Arcade, 2009
Сте се запрашале како би било да сте мотоциклист? Фрустрација по фрустрација по фрустрација. Ако правите заклучок врз основа на овој наслов за Xbox Live Arcade — или новото продолжение Trials: Evolution.
Ghosts ‘n Goblins – Флипери/NES, 1985
Кога е удрен Сер Артур, ѕвездата на оваа игра, тој го губи својот оклоп и продолжува да се бори само во пар боксерки со срциња. Но набргу ќе ја загубите својата насмевка откако ќе сфатите дека тие боксерки се единственото нешто што стои помеѓу вас и серија чудовишта.
I Wanna Be The Guy – Flash, 2007
Дали сакате да бидете тој тип? Нормално, секој сака да биде тој тип. Проблемот е што е тешко да се биде тој тип, како што може да се види од оваа игра.