Три брзи совети што можат да ви го променат животот

Понекогаш најмалите чекори кои ги преземаме со цел нешто да промениме се од неизмерна важност за нашето здравје.
Прочитајте ги следниве неколку совети и веднаш почнете да живеете поздраво.

Победете ја тагата која ја чувствувате во недела навечер

sadness

Најновите истражувања велат дека дури огромен процент од луѓето, 81%, ги фаќа блага депресија во неделите навечер. Доколку и вие сте нервозни и ве фаќа блага депресија заради почетокот на новата работна недела, 10 минути пред вечерата направете неколку лесни вежби или потрошете неколку минути на визуализирање на вашите работни обврски кои ве очекуваат утрешниот ден. Едноставните вежби можат да ја отстранат анкциозноста која ја чувствувате.

Мерете го притисокот на двете раце

pr1-630x422

Не можете да се борите со срцево болните само со една рака. Ново истражување вели дека доколку постои разлика во крвните притисоци измерени на левата и десната рака, се зголемува ризикот од срцево заболување. Разликата од 10 поени или повеќе може да биде показател на потесните артерии. Затоа, секогаш мерете го притисокот на двете раце.

Прочитајте и:  Од трева до струја со помош на дигестор

Повеќе џвакајте, помалку јадете

Get_kids_to_eat_veggies1

Еве уште еден показател дека колку што сте побавни во јадењето, толку побргу ќе стасате до целта која значи симнување на салото стомакот. Доколку полека го јадете вашиот оброк и убаво го џвакате секој залак, ќе изедете 15% помалку од храната која сте ја јаделе претходно, а ќе бидете исто толку сити. Сѐ што треба да направите е двојно да го зголемите времето на џвакање на секој залак. Вишокот на време потрошено на џвакање му овозможува на мозокот да го регистрира фактот дека веќе сте доволно сити.

- Реклама -